Данска од 15 април ќе ги отвори градинките и училиштата за деца од прво до петто одделение, доколку бројот на заразени и смртни случаи од коронавирусот остане стабилен.
Тоа денес го изјави премиерката на Данска Мете Фредериксен. Меѓутоа таа вели дека забраната за големи собири ќе остане на сила до август, пренесе „Ројтерс“.
Во Данска има вкупно 4.681 заразени од коронавирусот и 187 смртни случаи.