Свет 21. април 2020. / 15:18

Данска нема да дава помош за компаниите регистрирани во „даночните оази“

Данска нема да дава помош за компаниите регистрирани во „даночните оази“

Данска е меѓу првите земји што забрани компаниите регистрирани во некои од земјите што се сметаат за „даночи оази“ да добиваат финансиска помош поради кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Данска потроши милијарди евра за да им помогне на компаниите што бележат значителен пад на приходите порадипреземените мерки, а данската влада најави нов пакет економски мерки во висина од 13 милијарди евра.

Сепак, врз основа на воведените измени, компаниите регистрирани во земјите што се наоѓаат на на листата на ЕУ за „даночни оази“, повеќе нема да можат да аплицираат за помош.

На листата, за која службените лица во Данска тврдат дека не е сеопфатна, се наоѓаат 12 земји со ниски или без даночни стапки, вклучувајќи ги Панама, Сејшелите и Кајмански Острови.

Вкупниот износ што Данска го издвои за помош на економијата изнесува 400 милијарди дански круни, односно околу 53 милијарди евра.