Данска планира мигрантите со полициско досие да ги испрати на ненаселен остров на кој едни ќе чекаат депортација, а други ќе останат на неодредено време поради состојбата на сопствените домови и не можат да бидат вратени во нив.
Данскиот парламент денеска ја усвои пресметката за 2019 година во која е вклучен и предлогот мигрантите со казнена евиденција да се сместат на остров, кој претходно се користел за научни истражувања.
Планот го критикувал претставникот на ОН за човекови права, а некои во Владата го гледаат тоа како јакнење на противмиграциските ставови.
-Луѓето сметаат дека тоа не е решение на вистинските проблеми – рекол Микаел Смед, градоначалник на Вордингборг, општината во која се наоѓа островот.
Владата има намера на казнениот остров да испрати стотина луѓе од кои дел многу брзо ќе биде депортиран, а ќе останат оние кои не може да бидат протерани бидејќи во нивните земји им се заканува мачење или убиство.