426 лица починаа само во еден ден во Германија како последица од корона – нов црн рекорд. Што значи пораст на смртност од корона? Оттука, се поставува прашањето, дали смртноста во вториот бран е повисока од првиот?
Не, напротив. Бројот на починати лица во однос на вкупниот број заразени сега е понизок отколку пролетоска. Така на пример РКИ во средината на април регистрира 6,98% смртност во однос на заразени, а кон крајот на октомври 0,94% што е значително пониско. Податоците за стапката на смртност во ноември се уште не се обработени. Кога станува збор за процентот на починати треба да се земе предвид дека референтна вредност се вкупниот број на евидентирани случаи што е многу поголем поради зголемениот број тестови. Но дури и со ова процентот е многу понизок во однос на првиот бран. Ова може да се должи и на подобрата заштита на ризичните групи.
Тоа што и апсолутната бројка на починати во моментов (1045) е пониска од пролетоска (2252) е исто така позитивен сигнал. „Имаме вредност кај бројот на починати која е полесно воочлива,“ вели Ралд Крумкамп. „Оние со лесна симптоматика се занемаруваат во бројот на регистрирани, ако не тестирате консеквентно. Тешките и смртните случаи се подобро евидентирани бидејќи се клинички релевантни.“
Извор: Дојче Веле.