Свет 05. ноември 2020. / 17:26

Дали е можен пресврт во Пенсилванија?

Дали е можен пресврт во Пенсилванија?

Сенаторот од Пенсилванија, Боб Кејси, изрази уверување дека демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден ќе победи во таа сојузна држава и оценува дека гласачките ливчиња во Филаделфија, кои сѐ уште се пребројуваат, би можеле да ја одлучат победата на поранешниот потпретседател на САД.

Кејси за Си Ен Ен изјави дека Бајден може да го престигне Доналд Трамп, кој моментно води во Филаделфија. Неговата предност е значајно намалена, особено кога се пребројуваат поголем број гласачки ливчиња.

Според него Бајден би можел да освои повеќе гласови во Филаделфија од поранешниот американски претседател Барак Обама.

Претседателот Обама за малку ќе ја освоеше Филаделфија со разлика од 500.000 гласови. Бидејќи сега излезноста е многу поголема, Џо Бајден може тоа да го достигне, но и не мора, истакна сенаторот.

Кејси додаде дека разговарал вчера со Бајден, кој е оптимист за изборниот резултат во оваа сојузна држава.

Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови, е една од пресудните држави за пат на кој било претседателски кандидат до 270 електорски гласови, кои носат победа на изборите.

Од друга страна правниот советник на Трамп, Рудолф Џулијани изјави дека „во тек е голема измама“ на изборите во САД.