Свет 06. март 2021. / 11:23

Далај Лама ја приви првата доза вакцина против Ковид-19

Далај Лама ја приви првата доза вакцина против Ковид-19

Тибетанскиот духовен лидер, Далај Лама, (85), денеска во болница во северниот индиски град Дармџала, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус, јавија американските медиуми.

По приемот на вакцината Далај Лама ги повика сите луѓе да се охрабрат и да се пријават за имунизација.

Болницата каде што беше вакциниран Далај Лама денеска потврди дека се имунизирани уште десет лица кои живеат во неговата резиденција и сите ја примиле вакцината на Универзитетот во Оксфорд и британската „АстраЗенека“, произведена од Индискиот институт „Серум“, пренесоа американските медиуми.