Компанијата „Рено“ му подари нов папамобил на поглаварот на римокатоличката црква. Така, папата Франциск ќе се вози во „Дачиа дастер“ произведена во Романија.
Од компанијата соопштуваат дека автомобилот е модифициран спрема потребите на Светиот отец.
Папата е со бел и беж интериер, долг е 4,34 и широк 1,80 метри.
Автомобилот е со пет седишта и уште едно дополнително, на подигнување, со голем прозорец и со рачки на покривот преку кој ќе се покажува папата, како и со блиндирано стакло од горе.