Скандалот кој беше актуелен до пред летото оваа година, Кембриџ Аналитика, можеби полека и почна да се подзаборава од луѓето. Сепак, тоа беше случај кој покажа како може да биде злоупотребена една мрежа која скоро се знае за нас, а посебно за нашите желби, интереси и преференции.
Без разлика дали од Фејсбук биле запознаени со случајот кога се случувал, односно дали го дозволиле или едноставно била невнимателни, случајот донесе одредени промени кои сепак не верувам дека ќе направат да не се случи ова повторно.
Тим Кук, директорот на Ејпл во тоа време го критикуваше Цукерберг и Фејсбук. Тој истакнуваше дека кога производот е бесплатен, тогаш корисниците се производот, алудирајќи на тоа дека се тргува со информациите за корисниците.
Запрашан во едно интервју, како тој би постапил во таква ситуација, тој истакнува дека тој не би се ни нашол во таква ситуација.
Според Њу Јорк Тајмс, наводно навреден и изнервиран од изјавите на Тим Кук, Марк Цукерберг издал наредба кон менаџерите во Фејсбук да користат стриктно Андроид телефони и да престанат да ги користат телефоните од Ејпл.
Дали ова навистина се има случено не сме баш сигурни, но кога ќе се земе во предвид реакцијата од страна на Фејсбук, можеби имаме и потврда. Тие истакнуваат дека секогаш ги мотивирале своите вработени и менаџери да го користат Android оперативниот систем, затоа што тој е најмногу познатиот и најкористениот систем во светот.