Двајца највисоки припадници на Црвените Кмери, кои сè уште се живи, меѓународниот суд на ОН ги осуди на доживотен затвор за геноцид, што е прв пат да се појави оваа квалификација за злосторствата во Камбоџа, 40 години по падот на режимот во кој се убиени околу 2 милиони луѓе.
Судот утврди дека e направен геноцид против етничките Виетнамци, муслиманите и другите верски малцинства и дека преку него сакале да „воспостават атеизам и хомогено општество, искоренување на сите етнички, национални, верски, расни, класни и културните разлики“.
Идеологот на режимот, Нуон Чеа (92) „значително придонесол за извршување на кривични дела и имал моќ да ја донесе конечната одлука”, заедно со водачот на Црвените Кмери, Пол Пот, рече судијата Нил Нон. Другиот осуден е Кие Сампан (87), шеф на државата наречена Независна Кампучија.
Нуон Чеа и Кие Сампан веќе служат доживотна казна затвор за злосторства против човештвото. Трибуналот им додели уште една дополнителна доживотна затворска казна за спроведување на геноцид.