Клуч за два аеродроми во Катанија, откако вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија почна да исфрла лава и пепел.
Жешката смеса е видлива во должина од еден и пол километар на едната страна од планината, па властите наредија итна евакуација на населението во тоа подрачје.
Пепел во воздухот, пак, има над целиот источен дел на Сицилија што ја намали видливоста поради што е донесена и одлука за времено затворање на двата аеродрома до утре.
Локалните медиуми јавуваат за активност на вулканот во последните неколку недели и потсетуваат на малата ерупција во декември месец во минатата година. Последната голема ерупција на Етна се случи пред повеќе од 10 години.
На почетокот на месецот проработе и вулканот на малиот остров Стромболи што се наоѓа на 100 километри северно од Етна. Едно лице притоа го загуби животот, а десетици туристи и локално население беа принудени на бегство.
Националниот Институт за геофизика и вулканологија на Италија соопшти дека неодамнешните вулкански активности во регионот се поврзани и предупреди на засилен ризик од нови ерупции.