Свет 18. јули 2019. / 17:12

Црвен аларм во ЕУ: Итен министерски состанок во Хелсинки поради Салвини

Црвен аларм во ЕУ: Итен министерски состанок во Хелсинки поради Салвини

Хелсинки – Министрите за правда и за внатрешни работи на ЕУ вчера се собраа на итен состанок во Хелсинки за да одговорат на моменталната криза предизвикана од тврдиот став на Италија и нејзиниот министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој го запре спасувањето и истоварувањето мигранти од Медитеранот на италијанска територија, пренесува Независен Весник.

Од страв дека летово може да се случи хуманитарна катастрофа, Франција и Германија, заедно со Малта и Финска како претседавач, излегоа со иницијатива за создавање „коалиција на земји доброволци“ кои ќе ги згрижуваат бегалците на привремена и контролирана основа, без да поттикнат поголем бран нови мигранти.

Салвини го запали црвениот аларм во ЕУ откако уапси капетан на бродот, инаку со германско потекло, затоа што ги спаси и ги донесе бегалците на италијанскиот брег. Салвини најави дека нема повеќе да го толерира статус-квото во ЕУ, која со години не се солидаризира околу мигрантската навала, јасно сугерирајќи дека бројот на земји членки кои сега активно помагаат не е доволен за да го омекне ставот на Рим.

Денес пред вонредниот состанок на министрите за правда и за внатрешни работи, на кој учествуваше и Салвини, сепак немаше голем оптимизам дека брзо ќе се постигне договор, уште повеќе што на иста тема се закажа состанок во Париз идниот понеделник и сличен состанок во септември во Малта.

Министерот на Луксембург, Жан Аселборн, беше резигниран околу немоќта на ЕУ да се солидаризира околу ова прашање веќе подолг период, иако бројот на мигрантите сега во овој регион е многу помал од 2015 година. Исто така, не сакаше да го коментира многу ставот на Унгарија, порачувајќи единствено дека не ги разбира овие земји.

Хорст Зехофер, германскиот министер за внатрешни работи, оцени дека ниту една земја не може сама да ги згрижи сите бегалци и дека можностите на тие што го прават сега тоа се ограничени.

Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.