Во Италија е уапсен државјанинот на Црна Гора (38) Х.А. поради вршење кражби, кој повеќе од една година го избегнуваше апсењето така што користеше 41 лажен идентитет.Тој се претставувал со друго име и со фалсификувани лични документи, пренесува црногорскиот веб-сајт „Аналитика“.
H.A. беше уапсен во провинцијата Казерта врз основа на наредба за притвор поради извршување на бројни имотни злосторства, а уапсен е кога при една проверка е утврдено дека документот што го покажал е лажен. По утврдувањето на вистинскиот идентитет и сослушувањето, тој е испратен во затворот Санта Марија Капуа Ветера во провинцијата Казерта.