Свет 04. мај 2020. / 15:48

Црно сценарио на Европската централна банка: Обнова на економијата во еврозоната дури во 2022 година

Црно сценарио на Европската централна банка: Обнова на економијата во еврозоната дури во 2022 година

Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува сценарио во кое економијата на еврозоната може да почека до крајот на 2022 година за да го достигне нивото од пред пандемијата.

Според песимистичко сценарио наведено во извештајот на финансискиот регулатор, БДП во еврозоната може да се намали за 12 проценти оваа година. Во вториот квартал, можно е да се забрза падот до 15 проценти.

Со помеко влијание на кризата, ЕЦБ очекува БДП да се намали за 5 проценти во 2020 година.

Претседателот на институцијата, Кристин Лагард наглчаси дека еврозоната ќе се соочи со невиден економски пад. Сепак, таа додаде дека е тешко да се направат такви предвидувања, бидејќи е нејасно колку ќе трае пандемијата.