Свет 01. февруари 2020. / 09:25

Црниот биланс се зголемува: 259 починати од корона вирусот, заразени околу 12 илјади

Црниот биланс се зголемува: 259 починати од корона вирусот, заразени околу 12 илјади

Бројот на жртви од корона вирусот порасна на 259, додека речиси 12 илјади лица се заразени ширум светот.

Новиот вирус ги опустоши градовите во Кина на чии улици скоро и да нема никој, пренесува СиЕнЕн и додава дека во јавниот превоз, како автобусите и подземната железница има значително помалку луѓе, посебно после Лунарната нова година.

Во Хонк Конг продавниците главно се затворени, одложена е работата во училиштата, а на вработените им е речено дека може да работат од дома.

Во страв од вирусот, многу од граѓаните се затворени во своите домови, а забележано е дека во продавниците и аптеките робата е распродадена, како и дека пред нив се формираат редици за купување.

Забележано е и дека граѓаните кои се движат по улиците и ги обавуваат секојдневните активности носат маски.

Претставник на Светската здравствена организација за Кина Гауден Галеа изјави дека патните и трговските забрани се непотребни и истакна дека пред се државите треба да се фокусираат на идентификување на вирусот и одговор на предизвикувањето епидемија, пренесува Ројтерс.

Во градовите ширум Кина продолжуваат посебните мерки, а тим предводен од премиерот Ли Кечијанг најави дека работата ќе ја координираат до локалните власти.

Се наведува и дека неколку важни спортски настани се одложени.

Новиот корона вирус се појави во декември најпрво во кинескиот град Вухан, од каде се прошири и на другите градови во Кина и ширум светот.