Свет 15. јули 2019. / 14:58

Циклонот Бери се повлекува – САД под закана од торнада и поплави

Циклонот Бери се повлекува – САД под закана од торнада и поплави

Тропската бура „Бери“ ослабе и сега премина во тропска депресија, но метеоролозите и понатаму предупредуваат дека може да дојде до поплави и појава на торнадо.

Метеоролозите наведуваат дека максималната брзина на ветерот опаднала на 55 километри на час, пренесува АП.

Националнта метеоролошка служба соопшти дека поплавите и торндата се забележани јужно и источно од центарот на бурата во Лузијана, а дека слична ситуација може да се случи и во западниот дел од сојузната држава Аркансас.