Џина Хаспел, на која Сенатот денеска и ја потврдува номинацијата на местото директорка на ЦИА, изјавила дека оваа разузнавачка агенција нема повеќе да биде брутална во испитувањата.
Таа изјавила дека ЦИА нема повторно да ја започне програмата на тајни притвори и брутални начини на испитување, како онаа користена после терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година.
ЦИА во вторникот вечерта објави делови од нејзиниот уводен говор на сослушувањето пред разузнавачкиот одбор на Сенатот, како потврда на нејзината номинација, пренесе агенцијата „АП“.
„Како некој кој бил во служба за време на бурните времиња, можам да ви го понудам своето лично ветување, јасно и безрезервно, дека под моето раководство, ЦИА нема повторно да започнува таква програма на притвори и испитувања“ – наведено е во дел од нејзиниот говор.
Хаспел, меѓу останатото, се обврзала тесно да соработува со тој одбор.
Таа има долгогодишен стаж во ЦИА каде поминала 30 години.
Трамп на Твитер навел дека Хаспел е најквалификуваната личност за директор на ЦИА и и посака успех.