Тројца шпански полицајци кои паднале во морето откако нивниот брод се срушил за време на бркањето на шверцери со дрога, биле извлечени токму од шверцерите на дрога, соопшти полицијата.
-Полицајците бркале брод „со четири лица осомничени за транспорт на дрога“, се вели во полициското соопштение.
За време на акцијата двата чамци се судриле. Бегалците останале скоро недопрени, но тројцата полицајци паднале во морето. Првично, со хеликоптер дошле на помош колегите од Малага, но безуспешно, по што со мегафон, полицајците од хеликоптерот ги повикале шверцерите со дрога да помогнат .
Бегалците, сепак, им помогнале на полицајците . Како награда, тие биле приведени откако крајбрежната стража и полицијата пронајдоа три тони хашиш во водата во близина.
– Тие беа уапсени за трговија со дрога“, се вели во полициското соопштение, во кое се вели дека повеќе од 80 пакувања хашиш биле извлечени од морето.