Свет 02. мај 2018. / 19:07

Членките на ЕУ ќе треба да даваат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Членките на ЕУ ќе треба да даваат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го претстави новиот план за поголем буџет на ЕУ по брегзит во вредност од 14, 5 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.

„Нашите предлози се однесуваат на вкупен износ од 14,5 милијарди евра“, изјави Јункер пред Европскиот парламент додавајќи дека тоа би значело зголемување од 1 на 1,1 процент од националните БДП.

Еврокомесарот за буџетски прашања, Гинтер Етингер, рече дека со буџетот не е предвидено ниту едно евро за можни нови земји членки во Европската Унија.

„Ако биде примена нова земја, ќе може да ги користиме индикаторите и да ја зголемиме сумата што сите ја плаќаат како што направивме со Хрватска“, изјави Етингер.

Според Европската комисија, издвојувањата на земјите членки во зедничкиот буџет во следниот период ќе бидат зголемени, но и одговорни и разумни.

ЕК со буџетот, за првпат, предвидува намалување на средствата за земјите кои не го почитуваат владеењето на правото. Од друга страна, зголемување е предвидено за програмите за размена на студенти „Еразмус“, како и за инвестирање во развојни и истражувачки проекти.