Свет 30. ноември 2019. / 18:46

Чизмите на Наполеон Бонапарта продадени на аукција за 117.000 евра

Чизмите на Наполеон Бонапарта продадени на аукција за 117.000 евра

Чизмите за кои се верува дека му припаѓале на францускиот император Наполеон Бонапарта продадени се на аукција во Париз за повеќе од 117.000 евра, објавила аукциската куќа “Друо“.

Француските историчари наведуваат дека Наполеон ги носел овие чизми додека бил во егзил на островот Света Елена, каде што и починал 1821 година.

Познатите чизми а Наполеон продадени се за 117.000 евра, соопштила аукциската куќа на Твитер, истакнувајќи дека постојат многу љубители на “На Наполеоновото царство“.

После смрта на царот, чизмите биле во сопственост на пријател на големиот маршал, Бертрана кој подоцна ги дал на вајарот Карл Маркоти.