Јужнокореец кој работи на меѓународниот аеродром „Инчон“ во една корпа за отпадоци пронашол вистинско богатство во златни плочки.
Хигиеничарот пронашол 7 килограми злато, вредни 330.000 долари, додека ја празнел корпата за отпадоци. Плочките од кои секоја тешка по еден килограм, биле замотани во весници, а полицијата се сомнева дека некој ги фрлил во страв да не биде фатен.
Нема докази дека златото е поврзано со криминална активност.
Прво се мислело дека пронаоѓачот ќе добие онолку колку што ќе открие, меѓутоа од управата на аеродромот велат дека хигиеничарот не можел да добие награда, бидејќи златото го пронашол во текот на смената, а во описот на неговото работно место е и пронаоѓање на изгубени предмети.
Јужна Кореја има специфичен закон со кој ги регулира сите детали во врска со пронајдени работи чија сопственост не е позната.
Имено, според законот, доколку сопственикот не се појави да положи право над пронајдените работи во рок од 6 месеци, пронаоѓачот станува сопственик на истите. Сепак, ова не се однесува на вработените кои пронаоѓаат работи во претприемништвото во кое работат.