Чиле планира да стане прва држава која ќе издаде „имунитетски пасош“ на лицата кои по заздравувањето од корона вирусот стекнале имунитет, а благодарение на пасошот за нив нема да има ограничување на движењето.
Специјалниот пасош би им овозможил на сите лица во светот кои заздравеле или се тестирани на антитела да можат да се вратат на работа.
Според претставничката на чилеанското Министерство за здравство, Паула Даза, повеќе од 4.600 луѓе во земјата веќе имаат право на ваков специјален пасош.
Тие луѓе всушност можат најмногу да и помогнат на заедницата, бидејќи не претставуваат ризик – изјави министерсот за здравтсво на Чиле, Џеиме Мањалич.
Во Чиле досега се тестирани најголем број на луѓе од другите држави во Јужна Америка, при што се потврдени 10.507 позитивни случаи на вирусотКовид-19, од кои 139 починале.