Свет 24. февруари 2020. / 09:53

Четврта жртва на Ковид-19 во Италија

Четврта жртва на Ковид-19 во Италија

Во Италија уште едно лице почина од новиот корона вирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергам и имал хронични болести.

Досега во Италија од новиот корона вирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија.