Двајца пакистански војници и двајца талибански бунтовници загинале откако воени единици извршиле напад врз талибанско засолниште на границата со Авганистан, соопштија од пакистанската војска.
Засега не се соопштени детали од акцијата, која е извршена во регионот на Северен Вазиристан.
Талибанците во последните месеци ги зајакнаа нападите врз безбедносните сили во регионот.
Војската тврди дека со последниот напад го расчистила подрачјето во кое припадници на милитантни групи се обидувале да се прегрупираат, а акцијата предизвикала страв меѓу населението.