Свет 26. февруари 2020. / 10:35

Четиригодишно девојче во Италија заразено со корона вирус

Четиригодишно девојче во Италија заразено со корона вирус

Четиригодишно девојче од Италија е заразено со корона вирус, пренесуваат италијанските медиуми.

Девојчето доаѓа од местото Кастиљоне де Ада во Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаат во црвената зона за епидемијата.

Девојчето е смесено во болница, има благи симптоми на грип и не е во сериозна здравствена состојба.

Претпоставка е дека вирусот го добила во болницата во Кодоња, кога таму бил хоспитрализиран првиот познат случај во Италија.

Црвената зона во северна Италија ја чува полицијата 24 часа дневно, за да се спречат неконтролираните излегувања и влегувања од подрачјето на епидемијата.

Според достапните податоци, село со околу 4.000 жители е најмногу погодено од Ковид-19, бидејќи во моментов во него има 40 зарзени лица.