Свет 11. јануари 2020. / 21:53

Четири жртви во снежно невреме во САД

Четири жртви во снежно невреме во САД

Најмалку четри луѓе загинале, илјадници луѓе останале без електрична енергија, а повеќе од 1.000 летови се откажани во различни делови од седум држави во САД, од Тексас до Мичиген, како резултат на масовната снежна бура, проследена со град, пренесуваат светските медиуми.

Доцна во петокот две лица го загубиле животот во Луизијана. Според локалните медиуми, уште едно лице го загубило животот откако врз неговиот дом паднало дрво, додека четвртата жртва го загубила животот откако со возило излезетала од пат во Далас, објави „NBC“.

Во саботата, околу 200 илјади домови се без електрична енергија во Тексас, Луизиана, Мисисипи, Аркансас, Тенеси, Илиноис и Мичиген.