Свет 14. јуни 2020. / 09:16

Четири европски земји потпишаа договор за набавка на 400 милиони вакцини

Четири европски земји потпишаа договор за набавка на 400 милиони вакцини

Италија, Германија, Франција и Холандија потпишаа договор со фармацевтската компанија „Астразенеца“ за набавка на вакцина за корона вирус за европските граѓани.

Како што изјави италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, договорот се однесува на 400 милиони дози од вакцината која е развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Експерименталната фаза е веќе во тек и се очекува да биде завршена до есен. Првата испорака на дозите од вакцината ќе биде достапна до крајот на годинава – објави Сперанца на Фејсбук.

Владите на земјите од ЕУ и дадоа мандат на Европската комисија да води преговори за набавка на перспективни вакцини против Ковид-19.