Свет 24. October 2018. / 12:09

Четири американски војници се повредени во Норвешка

Четири американски војници се повредени во Норвешка

Четири американски војници се повредени во Норвешка, каде се подготвуваат за вежбите на НАТО, соопшти денеска американската војска.

Во инцидентот во кој, како што е наведено учествувале четири возила, еден војник после краткотрајната хоспитализација е пуштен, додека другите тројца се задржани и се во стабилна состојба, пренесува „Ројтерс“.

„До инцидентот дошло откако се судриле три возила, а четвртото кое се обидело да ги избегне, излегло од колосек и се превртило“ – соопштено е од информациониот центар.

Како што се наведува, војниците се наоѓале во камионите кои пренесувале товар во Конгенс Грув, каде се одвиваат подготовките за најголемите вежби на НАТО во последните неколку години.

Во тие вежби ќе учествуваат околу 50.000 војници на НАТО и војници на земјите партнери, 250 авиони, 65 чамци и околу 10.000 возила.

Вежбите ќе се одржат од 25 октомври до 7 ноември во централна и источна Норвешка и во околината на Северниот Атлантик и Балтичкото море, вклучувајќи ги и Исланд и воздушниот простор на Финска и Шведска.