Чешкиот претседател Милош Земан имаше операција по падот во кој ја скрши раката и е во стабилна состојба, изјави денеска неговиот портпарол Јиржи Овчачек.
Земан (95) беше хоспитализиран доцна синоќа поради повреди.
Тој паднал во неговата резиденција додека одел без бастун, што обично го користи.
Претседателот сега е на стандардна постоперативна нега, рече Овчачек.
Земан страда од невролошки компликации во ногата и обично оди со помош на бастун или телохранител.