Свет 27. декември 2020. / 12:50

Чешкиот премиер прв ја прими: Вакцините испратени од ЕУ се надеж за враќање во нормален живот

Чешкиот премиер прв ја прими: Вакцините испратени од ЕУ се надеж за враќање во нормален живот
Премиерот Андреј Бабиш од Чешка ја прима првата инјекција на национално ниво (Дејвид В Серни / Ројтерс)

Чешка во неделата ја започна својата масовна кампања за вакцинирање.

Прв вакцината на Фајзер и БиоНтех ја прими премиерот Андреј Бабиш со што стана првиот човек во земјата што ја примил дозата.

Бабиш откри дека Чешка нарачала вкупно 15,9 милиони вакцини, што треба да биде доволно за да се вакцинира поголемиот дел од 10,65 милиони жители на земјата.

-Вакцината што пристигна од Европската унија вчера, тоа е надеж, надеж дека ќе се вратиме во нормален живот, нагласи тој.

Чешка ги заостри мерките за ограничување како одговор на пандемијата за спречување на ширењето на вирусот, откако здравствените власти пријавија скоро рекордни 14.118 случаи на Ковид-19 на 24 декември.

Словачка и Унгарија вчера станаа првите земји во Европската унија што започнаа со процесот на вакцинација, додека Германија, Франција и Италија треба да започнат со дистрибуција во текот на денов.