Свет 23. јануари 2019. / 21:55

Чешкиот Парламент донесе одлука за оданочување на исплатите на Црквата

Чешкиот Парламент донесе одлука за оданочување на исплатите на Црквата

Долниот дом на чешкиот Парламент донесе одлука за оданочување на исплатите на Црквата , која што добива надомест за имотот одземен во времето на комунизмот.

Оданочувањето на исплатите на Црквата беше едно од клучните барања на Комунистичката партија на Чешка за да и даде поддршка на малцинската влада на левиот центар .

Пратениците на партијата АНО на премиерот Андреј бабиш и неговите малцински партнери , Социјалдемократите и Комунистите го изгласаа предлогот со 106 гласа За од вкупно 200 пратеници.

Обештетувањето на црквата , но најголем дел Католичката почна во 2013 во износ од 2 милијарди круни (78 милиони евра) годишно во период од 30 години.

Со тоа се исплатува Црквата за имотот , кој бил запленет по Втората светска војна , а не може да се врати според Законот за реституција, зашто го сменил сопственикот.