Свет 19. февруари 2021. / 13:46

Чешка се откажува од ублажување на мерките, болниците полни со нови пациенти

Чешка се откажува од ублажување на мерките, болниците полни со нови пациенти

Чешката Влада се откажа од плановите за ублажување на мерките и отворање на некои продавници од следната недела, бидејќи зголемувањето на бројот на тешките случаи на коронавирус врши голем притисок врз здравствениот систем во земјата.

Таквата владина одлука ја најави министерот за индустрија Карел Хавличек денеска на Твитер.

– Ситуацијата со пандемијата не е добра, британската мутација продолжува да се шири. Поради тоа одлучивме засега да не ги отвораме продавниците кои не работат, а за тоа повторно ќе разговараме следната недела, напиша Хавличек.

Владата размислуваше за отворање на продавниците, а планирано е и делумно отворање на училиштата, со цел децата да се вратат во училниците следниот месец, меѓутоа болниците во изминатите недели имаа големи проблеми со новите пациенти од Ковид-19.