Свет 14. јануари 2019. / 14:32

Чавушоглу: Правиме сè што е потребно за да се зачува мирот во Сирија

Чавушоглу: Правиме сè што е потребно за да се зачува мирот во Сирија

Турција прави сè што е потребно за да се зачува мирот и да се спречи насилството во Идлиб, на северот од Сирија, последното бунтовничко засолниште во таа земја, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлет Чавушоглу.

Исламските борци ја зајакнаа контролата над регионот Идлиб по неколкунеделните конфликти со сириските бунтовници поддржани од Турција, објави „Ројтерс“.