Свет 30. мај 2018. / 18:49

Чавушоглу: Ако САД не дозволат, Турција ќе купи авиони од друго место

Чавушоглу: Ако САД не дозволат, Турција ќе купи авиони од друго место

Ако САД не и дозволат на Турција да ги набави авионите Ф-35 од компанијата “Локид Мартин”, Анкара ќе ги задоволи своите потреби на друго место, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пренесе Си Ен Ен Турк.

Чавушоглу додаде дека турскиот амбасадор во САД кој е повикан на консултации по конфликтот во Појасот Газа ќе се врати во Вашингтон.