Свет 10. јануари 2021. / 17:48

Централната банка на Нов Зеланд била хакирана, одземени приватни податоци на корисниците

Централната банка на Нов Зеланд била хакирана, одземени приватни податоци на корисниците

Централната банка на Нов Зеланд денеска соопшти дека еден од нејзините системи за податоци бил хакиран од непознато лице, кое најверојатно успеало да ги добие приватни податоци на корисниците, како и на банката.

Хакирана е и компанијата што ги споделува информациите на Резервната банка на Нов Зеланд.

Гувернерот Адријан Ор рече дека се стопирани понатамошните упади во системот, а главните функции на банката треба да останат оперативни.

– Работиме на случајот со експерти за компјутерски криминал и други релевантни тела, нагласи Ор.