Цените на нафтата на меѓународните пазари стабилни под 67 долари. На пазарите во Лондон цената за барел остана речиси непроменета во однос на претходното затворање, или 66,7 долари. Значајни промени немаше ниту на пазарот во САД, каде што барелот се тргува за 56,49 американски долари.
ОПЕК под диригентската палка на Саудиска Арабија повикува на намалување на производство на ниво на група за милион до 1,4 милион барели дневно за да се спречи складирање на огромното количество неискористена нафта. Во тој договор треба да учествуваат и нивните партнери.
ОПЕК соопшти дека цената за барел од референтната кошница на сурова нафта во петокот изнесувала 66 американски долари, што значи дека се зголемила 72 цента во однос на претходниот ден.