На светскиот пазар цената на нафтата минатата недела остро опаднала, бидејќи вложувачите се плашат дека трговската напнатост меѓу САД и Кина може да ескалира, што би го нарушило растот на глобалното господарство и би влијаело на побарувачката на црно злато.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела паднала за 2,8 отсто, на 67,10 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтинил за 4,4 отсто, на 62,05 долари.
Најголем пад на цените на барелот во САД е поселдица на стравот на вложувачите откако во четвртокот, претседателот на САД, Доналд Трамп нареди да се разгледа воведувањето на додатни царини на кинескиот увоз во вредност од 100 милијарди долари.
Од друга страна, намалување на цените на нафтата поддржуваат од Организацијата на земјите извозници на нафта и нејзините партнери за идната година да може да се намалат и глобалните залихи на нафта.