Цените на нафтата се во благ пад, додека светот чека реакција на Иран и САД.
Цените на суровините ги достигнаа своите највисоки нивоа во изминативе месеци, откако американскиот воздушен напад врз аеродромот во Багдад предизвика смрт на највлијателниот воен генерал, потсетува CNBC. Цената на нафтата од типот Брент е намалена за 58 центи или за 0,84% на 68,33 долари за барел.
Претходните две сесии, цените се зголемија, во услови на стравувања од ескалација на конфликтот и нарушување на снабдувањето на Блискиот исток по нападот на 3 јануари, што доведе до смрт на генералот. Но, некои аналитичари ги олеснија очекувањата за започнување директен вооружен конфликт.
„Иран веројатно ќе се фокусира поблизу на американските воени цели. Ова не значи дека земјата нема да ги продолжи своите напади на комерцијална испорака или регионална енергетска инфраструктура, но овие активности нема да бидат тешки “, предвидува Eurasia Group.
Во меѓувреме, цените на нафтата, најверојатно, ќе се зголемат со построгата усогласеност на падот на производството на ОПЕК.
Во просек, членовите на ОПЕК пумпаа 29,50 милиони барели на ден минатиот месец, што е намалување од 50 000 барели на ден од нивното производство во ноември, според анкетата на Ројтерс.