Свет 04. февруари 2021. / 19:15

Цените на храната во светот го достигнаа максималното ниво од 2014 година 

Цените на храната во светот го достигнаа максималното ниво од 2014 година 

Цените на основните прехранбени производи во светот растеле осум месеци по ред заклучно со јануари 2021 година, достигајќи го максималното ниво споредено со јули 2014 година, соопшти Организацијата за храна и земјоделие на ОН (ФАО).

Најмногу поскапеле житариците, растителното масло и шеќерот. 

-Денеска е објавен Индексот на цените на храната на ФАО кој дава месечен увид на промените на цените на основните прехранбени производи. Неговата средна вредност во јануари беше на нивото од 113.3 или 4.3 отсто повеќе од она во декември 2020 година, достигнуваjќи максимално ниво од јули 2014 година, се вели во соопштението. 

Индексот на житариците растел 7.1 отсто месечно. Цената на пченката поранала 11.2 отсто и сега е за 42.3 отсто поскапа споредено со јануари 2020 година „поради недоволните испораки и огромната побарувачка од Кина, како и намаленото производство во САД, и привременото запирање на извоз на пченка од Аргентина“.  

Цената на пченицата пак пораснала 6.8 отсто, поради зголемената глобална побарувачка и очекувањата за намалени продажби од страна на Русија, кога се очекува нејзиниот извоз на пченица да се удвои во март 2021 година. 

Извештајот наведува дека огромната побарувачка од купувачите во Азија и Африка ја зголемила цената на оризот. 

Индексот на цените на растителното масло во јануари пораснал 5.8 отсто, највисоко споредено со мај 2012 година, додека шеќерот поскапел 8.1 отсто, а млечните производи 1.6 отсто, додека месото 1 отсто.