Свет 23. ноември 2018. / 22:20

Цената на нафтата со рекорден пад

Цената на нафтата со рекорден пад

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво годинава и на пат се да забележат најголем месечен пад од крајот на 2014 година.

Ова се случува додека произведителите на „црното злато” размислуваат за намалување на производството за да се обидат да го запрат вишокот на понудата на глобалниот пазар.

Северноморската нафта „брент” падна за 2,31 долар за барел, односно за 3,7 отсто на 60,29 долари. Што е најниско ниво од ноември 2017, пренесува Ројтерс.

Американската „лесна” нафта WTI поевтини за 2,9 долари, или 5,3 отсто, спуштајќи се на 51,73 долари за барел.

Со оглед на тоа дека понудата на нафта расте побрзо од пазарот, се очекува дека Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) ќе почне да го намалува производството по состанокот планиран за 6 декември, за да спречи поголема залиха, слично на онаа од 2015 година.

Тоа се очекува, меѓутоа, досега не се одрази на случувањата на пазарот.

Вредноста на барел нафта од почетокот на ноември досега падна за 20 отсто