Утринава нафтата чинеше 15 долари, а падот продолжи и во текот на денот.
После осум часа цената на суровата нафта WTI во моментов изнесува -0,22 долари, што до сега е незабележително.
Претходно, нафтата се спушти на 1,34 долари за барел, што е пад од неверојатни 94 отсто и најниско од 1983 година.
Пандемијата на коронавирусот значително ја намали побарувачката, а цените на црното злато не престануваат да изненадуваат. На цената не влијаеше фактот што членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците потпишаа договор за намалување на производството за 9,7 милиони барели на ден.
Цените на нафтата паднаа за 78 проценти денес, најниско ниво од 1983 година, кога се отворија фјучерси на нафта.
Падот на цените на нафтата WTI поттикна недостаток на капацитет на складирање бидејќи пандемијата на коронавирус драстично ја намали глобалната побарувачка за најважниот извор на енергија. Претходно овој месец, аналитичарите од Голдман Сакс предупредуваа дека коронавирусниот шок „има исклучително негативно влијание врз цените на нафтата“.