Со молк и стоење во место во Израел беше одбележан Денот на сеќавањето на шесте милиони Евреи што беа убиени во холокаустот. Во земјата се огласуваа сирени во интервал од две минути со цел да им се оддаде почит на оние што биле системски убивани од нацистите во Германија и нивните сојузници за време на Втората светска војна.
Како и секоја година, застануваа автобуси и автомобили на улиците и патиштата, а Израелците излегуваа од своите возила за да им оддадат почит на жртвите.
Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот со пригодни свечености беше одбележан и во училиштата и општинските центри, објавија светските новински агенции.