Актуелната тајванска претседателка, Цаи Инг-вен, е реизбрана на функцијата, освојувајќи го својот втор мандат, што се оценува како поддршка на гласачите за нејзиниот остар став кон Кина.
Цаи ги победи двајцата предизвикувачи – националистичкиот кандидат Хан Кво-хуа и Џејмс Сунг од Народната прва партија.
Резултатите од Централната изборна комисија покажаа дека Цаи со 43 отсто поддршка, или пет отсто гласови повеќе води пред најблискиот противкандидат Хан Кво-хуа од Националистичката партија.
Кина и Тајван се поделија во текот на граѓанската војна од 1949 година, но Пекинг и натаму тврди дека има суверенитет врз островот и повремено се заканува дека ќе употреби сила за да ја преземе контролата врз земјата доколку тоа биде потребно.