Свет 13. септември 2020. / 16:07

Бурата Сали се заканува да прерасне во ураган крај брегот на Флорида

Бурата Сали се заканува да прерасне во ураган крај брегот на Флорида

Тропската бура Сали денеска се засили крај брегот на западна Форида и се заканува да прерасне во  ураган, соопшти Националниот центар за урагани (НХЦ), пренесуваат британските медиуми.

Центарот со седиште во Мајами соопшти дека бурата најверојатно утре ќе се претвори во ураган и ќе се приближи до централниот дел од Мексиканскиот залив.

Се предвидува ураганот потоа, во вторник изутрина, да стигне до Луизијана, Мисисипи и Њу Орлеанс.

Мексиканскиот Залив по втор пат за неполн еден месец е погоден од бура што го нарушува производството на нафта.