Тропската бура „Оскар“ прерасна во ураган, но засега не претставува опасност за копното.
Ураганот е осми во оваа сезона на урагани на Аталантикот. Американскиот национален центар за урагани соопшти дека „Оскар“ се наоѓа на околу 1165 километри југоисточно до Бермуда и се движи кон запад со брзина од 26 километри на час.
Ударите на ветрот ќе достигнат брзина од 120 километри на час, пренесе агенцијата АП.