Бунтовниците во Сирија утринава почнаа да го повлекуваат тешкото вооружување од демилитизираните зони воспоставени во рамки на договор на северозападот на земјата, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на двајца команданти на бунтовничките групи кои ги поддржува Турција.
„Процесот на повлекување на тешкото вооружување почна утринава и ќе продолжи во текот на следните денови“, рекол командант на бунтовничките групи за „Ројтерс“.
Истиот извор навел дека бунтовничката алијанса Национален фронт за ослободување (НФЛ), која ја ужива поддршката од Турција, ќе го повлече своето оружје, како што се ракетни лансери и артилериски возила и ќе го однесе 20 километри подалеку од контактната линија меѓу бунтовниците во сириската провинција Идлиб, која е под контрола и на бунтовниците и на владините сили.
„Лесното и средното вооружување ќе остане во таа зона“, рекол истиот извор.