Свет 06. август 2020. / 10:21

Бугарска трага зад експлозијата во Бејрут

Бугарска трага зад експлозијата во Бејрут

Бродот, што го превезувал товарот, кој експлодира во Бејрут, официјално му припаѓа на бугарска компанија, јавуваат медиумите. Изданието Лента.ру за ваквото тврдење се повикува на Николај Суханов од Далекоисточната регионална организација на Рускиот сојуз на професионални морнари.

Во вторникот вечерта експлодираа 2.750 тони амониумов нитрат сместен во склад на пристаништето во Бејрут, а експлозијата предизвика катастрофални последици. Пристаништето е уништено, над 130 лица се загинати, а илјадници се повредени.

Рускиопт професионален сојуз на морнарите објави дека амониумовата шалитра во 2013 година била истоварена во пристаништето во Бејрут од бродот „Росус“. Бродот пловел под молдавско знаме, а екипажот го сочинувале руски и украински морнари. Суханов изјави дека сопственик на бродот била бугарската компанија Briar Wood Corporation.

Суханов додал дека е многу тешко да се утврди вистинскиот сопственик на брод кога тој плови под туѓо знаме. Бродот превезувал шалитра од Батуми до Мозамбик, но непланирано се укотвил во бејрутското пристаниште, поради технички проблеми. По извршената проверка, либанските власти му забраниле на бродот да продолжи со пловидбата.

Претходно беше соопштено дека бродот бил во сопственост на Русинот, Игор Гречушкин од Хабаровск. Тој банкротирал и фактички го оставил својот екипаж-морнари од Русија и Украина-во Бејрут речиси цела година. Според РЕН ТВ, тој моментно живее на Кипар.

-Меѓутоа, официјално бродот се води во сопственост на бугарската компанија, тврди Николај Суханов.