Свет 20. септември 2019. / 09:50

Брутално убиен холандски фудбалер во Амстердам

Брутално убиен холандски фудбалер во Амстердам

Холандскиот фудбалер Келвин Мајнард, кој има играно за холандски, португалски и унгарски клубови, беше убиен во Амстердам, каде во последно време значително расте стапката на криминал.

Мајнард (32) брутално го убиле двајца непознати мажи кои со мотоцикл го бркале неговото возило и пукале во него.

Во панично бегство, Мајнард влегол со автомобилот во противпожарна станица, но не успеал да се спаси и им подлегнал на повредите.

Полицијата засега не објавува можни мотиви за убиството на фудбалерот кој беше убиен истиот ден кога беше ликвидиран познат адвокат поврзан со наркомафијата.

Локалните медиуми пишуваат дека и смртта на Мајнард има врска со злогласената мафија.

Амстердам, град од 800.000 жители во кој се толерира употребата на поблаги наркотици, има загрижувачки раст на стапката на криминал поврзан со препродажба на дрога.