Свет 05. мај 2020. / 10:55

Бројот на заразени во Норвешка надмина 7.900 случаи

Бројот на заразени во Норвешка надмина 7.900 случаи

Во изминатите 24 часа бројот на заразени со корона вирус во Норвешка се зголемил за 56 случаи со што вкупниот број на заразени сега изнесува 7.903.

Во последните две недели порастот на нови болни е стабилен, односно има по стотина лица на ден или помалку.

Како што соопштија локалните здравствени власти, во Норвешка од Ковид-19 досега починале вкупно 214 луѓе, а на болничко лекување се 82 лица.

Владата во Осло месецов почна да ги олеснува ограничувањата воведени поради пандемијата. Отворени се детските градинки, со настава почнаа и учениците од пониските одделенија, а отворени се и фризерските салони и други видови бизниси во кои има лични контакти. Укината е и забраната за патување во викендички вон градовите.