Бројот на луѓе заразени со вирусот Ковид-19 во Африка се искачи на 14.528. Од нив починати се 788, а излекувани се 2.570 луѓе.
Како што соопшти Африканската Унија, од епидемијата на корона вирусот се погодени 52 од вкупно 54 африкански држави. Само во Лесото и на Коморските Острови нема регистирано ниту еден случај на Ковид-19.
Најголем број на пациенти се регистрирани во северниот дел на Африка, каде што има 6.379 заразени, од кои 603 починале. Во Египет има 2.065 заразени и 159 смртни случаи, во Алжир има 1.914 заразени, од кои 293 починале, додека во Мароко се заразени 1.661 лице, од кои починале 118 луѓе.
Во Јужноафриканската Република има најголем број на заразени и починати во јужниот дел од континентот, односно 2.137 инфицирани и 25 починати.
Во западниот дел на Африка има 3.361 заразени и 84 смртни случаи, во Источна Африка има 1.217 инфицирани и 28 смртни случаи, додека во централна Африка има 1.246 заразени и 38 починати.