Свет 21. март 2020. / 21:50

Бројот на заразени од коронавирус надмина 300.000

Бројот на заразени од коронавирус надмина 300.000

301.552 е бројката на регистрирани заразени лица од коронавирус до 19 часот и 30 минути, вечерва.

Синоќа заклучно со полноќ беа забележани 275.000 заразени, ова значи дека бројот на новозаразени за неполни 20 часа надминал за 25.000 лица.

Официјалните бројки покажуваат дека досега починале 12.955 лица, а се излечиле 94.625 лица.

Денес беше и најцрн ден во Италија, со нови 7.000 случаи на коронавирус и 793 смртни случаи во 24 часа.